ПРЕГЛЕД за 3et.

Општи информации:

Create an account
Веб страница:
www.3et.com
Јазик:
Aнглиски
Правна форма:
Eurasia Sports Limited
Судска надлежност:
Alderney

✓ 24h support

Вовед

3et е нов во обложувачката индустрија, и BET-IBC ви овозможува да добиете бесплатна 3et обложувачка сметка преку агент на оваа обложувалница уште од самиот старт. Во сопственост е, и воден е од Euroasia Sports Limited, базирана во Alderney и има лиценци од прва и втора категорија од Alderney Gambling Control Commission (број на компанија: 1857). Станува збор за спортска обложувалница која се фокусира на фудбал и напопуларните спортски лиги во САД.

Преглед

Нивната мантра е „создаден за обложувачи“. Ова значи неограничен пристап до настани и пазари кои се нудат, екстремно конкурентни коефициенти и без наплата на провизии. Сигурноста и безбедноста на сите финансиски трансакции и на личните податоци е во согласност со Регулативата за заштита на општи податоци на Европската Унија и Законот за заштита на лични податоци (Bailiwick of Guernsey) од 2017.

Самиот сајт е креиран со цел да биде доволно моќен да ги задоволи потребите на професионалните обложувачи, а истовремено да биде доволно едноставен да го користат и нови, и вообичаени обложувачи. Согласно барањата на модерното време, постои и апликација, достапна за сите мобилни уреди, па можете да имате пристап од секој компјутер, таблет или десктоп компјутер со пристап до интернет. За почеток, достапна е само на англиски.

Достапни се вообичаените пазари на Хендикеп, Над/Под, и 1х2. Како што споменавме, станува збор за нова обложувалница, и бројот на пазари ќе расте со текот на времето. Сепак, коефициентите кои се нудат за достапните пазари се навистина високи. Можете да поставувате облози или пред почетокот на настанот или во живо, додека се одвива играта.

3et силно се фокусира на 4 спорта: фудбал, американски фудбал, НБА кошарка и хокеј на мраз. Кога станува збор за фудбал, има стотици настани достапни за 45 држави и лиги со настани по континент. Спортовите од САД се ограничени само на настани кои се одржуваат во САД и Канада.

Користење

Последната икона на десната страна од гораната табела е профилот на играчот. Од тука, играчот може да пристапи до одделот за регулирање на својата сметка и да ја смени својата лозинка во делот на кој пишува „безбедност“, додека во делот со уредување можат да го одберат форматот на коефициентот, можност, Хонг Конг, Индонезиски и Малезиски.

Нема минимален износ за поставување на влог, додека највисокиот износ се појавува на слипот за обложување кога играчот треба да го внесе износот. Самата обложувалница е вклучена на VIP-IBC платформата. Oтвори сметка преку обложувачки агент веднаш и лично увери се!