Ecopayz

 Регистрирајте се на EcoPayzEcopayz Ви овозможува да бидете мирни и да ги трошите Вашите пари слободно, кога и каде ќе посакате. EcoPayz успешно Ви обезбедува комплетен профил/сметка како и решенија базирани на банкарски картички за плаќања кон бизниси и поединци низ целиот свет, нудејќи притоа инстантни , сигурни и брзи начини на трансфер на пари низ целиот свет од неговото основање. За нашите надежни обложувачи силно ја препорачуваме оваа опција, како еден од најбезбедните, најбрзи, најсигурни, а со сигурност и еден од најевтините начини за наплата.
Ecopayz претходно познат како Ecocard, е опција за онлајн плаќање која ја нуди PSI-Pay ООД кој е базиран во Обединетото Кралство. PSI-Pay ООД е авторизиран и менаџиран од страна на владиниот орган за Финансиско Однесување кој се раководи според Регулативата за Електонски Финансии од 2011-та за издавање на електронски пари (FCA регистарски број 900011).

Веб-сајтот е достапен на 8 различни јазици: Англиски, Германски, Шпански, Италијански, Француски, Турски, Руски и Арапски јазик. Плаќањата со Ecopayz се безбедни и инстантни со самото отворање на профил/сметка, а процедурата ќе Ви одземе само неколку минути.

Толку многу начини за да се плати со EcoAccount

  • EcoAccount - е приватна онлајн сметка која што може да ја надополнувате како и колку што ќе посакате и да ја користите за да плаќате директно на веб-сајтови, без потреба да ги внесувате Вашите финансиски детали.
  • еcoCard - овие картички се совршени за менаџирање на Вашата потрошувачка или за користење кога сте во странство..
  • ecoVirtualcard- оваа виртуелна картичка за една употреба може веднаш да се добие, да се надополни и да се користи за да вршите плаќања преку телефон или на интернет, секаде каде што MasterCard е прифатен. Не постои ризик да ја загубите или да биде украдена, бидејќи истекува веднаш кога ќе биде искористена.

Пренос на средствата кон ECOPAYZ

Преносот на средства на вашата Ecopayz сметка е достапен во голем број на опции:

  • Кредитна или Дебитна картичка
  • Локален банкарски депозит ( Вашиот ecoAccount број на сметка треба да биде наведен во "Детали за Исплата" во платниот налог)
  • Локални Услуги
  • Меѓународни банкарски депозити

Регистрирајте се на Ecopayz

Верификација на сметката и лимити

Лимитот на трансакцијата, како и ограничувањата при повлекување се поставени поединечно за секој клиент, во зависност од неговата/нејзината земја на живеење како и од статусот на сметката – нивото на ecoAccount. Колку е повисоко нивото, толку поголеми се лимитите. Со верификација на Вашата сметка добивате надоградба на сметката од Класично на Сребрено ниво.
За повисоките нивоа лимитите се поставени на 1000 евра по трансакција, 5000 евра на ден, 10.000 евра неделно, 30.000 евра месечно. Лојалните клиенти може да го зголемат нивниот лимит уште повеќе, со учество во VIP Програмата која ја нуди EcoPayz.

Провизии

Провизиите на депозитите се разликуваат во зависност од начинот на плаќање и од достапните опции во Вашиот регион и Вашата земја на престој. Банкарскиот трансфер на депозит подлежи на 0,7%, провизија, депозит со Кредитна Картичка подлежи на 1,69 - 2,90% провизија.
Провизијата при размена на валута зависат од нивото на Вашата ecoAccount сметка, колку повисоко ниво на сметка имате, пониска ќе биде провизијата.

Сметка во повеќе валути

  • Флексибилна - Вашата сметка може да се отвори во толку валути колку што имате потреба.
  • Брзо и лесно – потребни се само неколку секунди за да се направи.
  • Бесплатно за да се отвори - никакви трошоци при поставување на дополнителни валути.
  • Едноставно - еден ecoAccount ги содржи сите Ваши девизни сметки.
  • Практично - префрлувањето помеѓу валути не преставува никаков проблем.
  • Рентабилно - кога сте во странство или при плаќања на интернационални веб-сајтови можете да заштедите на провизии при размена на валутите.

Можете да ја користите Вашата сметка во повеќе од 47 валути.

Нивоа на ecoAccount-ите

  • Класично - ова ниво ќе го добиете со Вашата првична регистрација. Тоа Ви нуди доживотен лимит на депозити.
  • Сребрено - Ви нуди зголемени лимити на Вашата сметка, а исто така Ви дава и можност да аплицирате за ecoCard и ecoVirtualcard.
  • Златно - Ви нуди повисоки лимити, бесплатни меѓународни парични трансфери и намалена статичка провизија при размена на девизи за сите трансакции во e-паричникот (1.49 %*).
  • Платинум - Ви нуди уште повисоки лимити, бесплатни меѓународни парични трансфери и намалена статичка провизија при размена на девизи за сите трансакции во e-паричникот (1.49 %*).
  • VIP - Ви ги дава највисоките лимити во рамките на Вашиот ecoAccount, бесплатни меѓународни парични трансфери и уште пониска статичка провизија при размена на девизи за сите трансакции во e-паричникот (1.25 %*).