FIFA World Cup 2026

11 June - 19 July

Покер соба на MAXBET

Вовед

Последниот додаток на големата понуда на MAXBET е покер соба наречена PokerAce, која им овозможува на учесниците ширум светот да се натпреваруваат меѓу себе во No Limit, Pot Limit и Limit Texas Hold’em, како и во 13 Card Poker (познат и по името Chinese poker). Ако не сте сигурни дека покерот е она што ве привлекува, искористете ја опцијата fun money да ја тестирате покер собата или други достапни верзии на играта без да ризикувате вистински пари. Штом ќе влезете во лобито, ќе видите некои препознатливи лица кои ќе ве пречекаат – JC Tran, Nam Lee and Joe Hachem се професионални играчи, и се дел од PokerAce тимот кој е во подем.

Лимити

Лимитите за влог кои се понудени во покер собата се имресивни, – со мала/голема блинда почнувајќи од 2/4 па се до астрономските 1000/2000 единици на валутата во сметката на корисникот, ова е сигурно прекрасно место професионалните покераши како и за рекреативните играчи.

Турнири

PokerAce  има неколку турнири, со buy-ins почнувајќи од најмалку $1  па се до $10 000! Учесниците можат да си одберат од многуте турнири– Sit & Go, обични турнири, freerolls и турнири со fun money.

Лоби и опции за играчот

Лобито на покер собата е навистина функционално – веднаш по влегувањето, можете да одберете една од 2те можни варијации, или да одите на табот на турнир. Се користат мноштво од опции да ја најдете масата која ја барате – дали е тоа по број на играчи, лимити или пак по среден влог. Горе во десниот ќош на лобито, можете да пристапите на Cashier менито, кое ви овозможува да го проверите моменталниот баланс и да префрлате средства од главната сметка.

Копчето веднаш до Cashier ви овозможува да пристапите до опциите на играчот, што ви овозможува да го смените вашиот аватар, да си ја видите историјата на одиграни партии, вкучување/исклучување на звучни ефекти и повеќе. Се на се PokerAce е звезда во подем во покер заедницата, со голем растечки потенцијал.

13 Card Poker

Некои од вас можеби не се запознаени со Chinese покер, ние сметаме дека ова е интригантна вариација и сакаме да кажеме неколку зборови во врска со ова. 13 card poker  е вариација која овозможува максимум 4 учесници на маса и на секој учесник му се делат 13 карти, како што и самото име кажува.

Секој учесник мора да ги подели картите на 3 дела- две од по 5 карти и една со преостанатите 3 карти. Картите се познати како “back” (првата рака од 5 карти), “middle” (втората рака од 5 карти) и “front” рака (онаа од 3 карти). Како правило, back раката мора да биде подобра од middle раката, а middle раката мора да биде подобра од front раката. Се користи стандардното покер рангирање.

Кога сите учесници се спремни, секој ги отвара своите три раце и секој пар од учесниците си ги споредуваат паровите на карти кои се совпаѓаат. Главно добивате еден бод за секоја рака која се совпаѓа со друг учесник а вие ја имате подобрата рака, и губите еден бод за секоја рака во која ќе бидете победени.

PokerAce

BET-IBC
Scroll to Top