Neteller

Безбедното и безбедно управување со парите е од суштинско значење за вашиот успех кога станува збор за редовно обложување. NETELLER гарантира брзи и евтини трансакции, како и сигурност на вашите средства. Optimal Payments Limited, компанија од Обединетото Кралство зад NETELLER, е лиценцирана и регулирана од Управата за финансиски услуги (FSA) (според Регулативата за електронски пари 2011 година за издавање електронски пари). NETELLER држи повеќе од 100% од салдото на вашата сметка во доверливи сметки, што значи дека вашите средства се секогаш достапни.

Веб-страницата е достапна на 12 различни јазици: англиски, дански, германски, шпански, италијански, полски, норвешки, шведски, португалски, руски, турски и јапонски. Отворањето сметка на NETELLER е брзо и лесно. Потребни се само неколку минути за да се пополни лесниот формулар за регистрација.

Трансвер на парични средства до NETELLER

Можете да префрлате парични средства на вашата NETELLER корисничка сметка на разни начини:

Моментален онлајн банкарски трансфер (без провизија, достапноза жителите на Шведска,Финска, Естонија и Полска)

Интернационални банкарски трансфери (без провизија, достапно за сите корисници ширум светот, потребни се 2-3 дена да се процесира)

Кредитни картички (провизијата се движи од 1.75-4.95%, инстант)

Верификација на корисничката сметка и Лимити

Сумата на пари која можете да ја испратите зависи од статусот на вашата корисничка сметка и од статусот на корисничката сметка на примателот. Не-верификуваните кориснички сметки можат да користат трансфер на пари само еднаш. За да го зголемите лимитот на плаќање, ќе треба да ја потврдите вашата корисничка сметка преку испраќање на следниве информации:

Вашата банкарска сметка

Вашата адреса

Вашата кредитна/дебитна картичка

Откако сте го потврдиле статусот, лимитите се местат на €3,700 по трансакција; €7,500 дневно; €15,000 неделно; €37,000 месечно и €185,000 годишно.

Провизии

Провизиите за депозит варираат зависно од методот на плаќање. Интернационалните трасфери на пари се без провизија; плаќањата со дебитни и кредитни картички се подложни на 1.75-4.95% провизија.

Најефтиниот метод за повлекување на пари е преку Net+Prepaid MasterCard на NETELLER. Провизија од €4.00 се става на повлекувања на пари преку ATM (банкомат). Банкарскиот трансфер, Bank draft, и чековите се субјект на провизија од €7.5. Трансферот на пари помеѓу две кориснички сметки на NETELLER е 1%.

Валути

NETELLER прима разни валути, вклучувајќи ги:

Австралиски долар, Бугарски лев, Канадски долар, Данска круна, Евра, Британска фунта, Унгарски форинт, Индијска рупија, Јапонски јен, Литваски литас, Латвијски лат, Мексикански пезос, Нотвешка круна, Полска злота, Романски леј, Шведска круна, и Американски долар.

Ако не го корисите NETELLER for 14 месеци, а одржувате одреден баланс на вашата корисничка сметка, ќе ви бидат наплатени административни трошоци.

VIP Програма

NETELLER на своите најактивни корисници им ја нуди можноста да се приклучат на VIP шемата и да ги уживаат многуте ексклузивни придобивки. VIP програмата има 5 нивоа (Бронзено, Сребрено, Златно, Платинум и Дијамантско). Корисниците автоматски се промовираат на следното ниво веднаш штом ќе го достигнат бараниот услов. За да стигнете до бронзеното ниво потребно е годишно да направите минимум трговски трансфер од $10,000 . Можете да се искачите до Дијамантското ниво ако вашиот трговски транфер надминува $2,000,000 годишно. Еве неколку од понудите кои ги нуди VIP програмата на NETELLER:

VIP гаранција од измама

Кориснички сметки со различни валути

Посветен VIP раководител

Загарантирано зголемување на лимитот

Намалување на провизијата на курсната размена

Ограничувања

NETELLER нуди ограничени услуги за жителите на Канада, Хонг Конг, Израел, Макао и Турција. Ако живеете во една од овие земји, можете да поседувате NETELLER корисничка сметка, но нема да можете да правите трансакции со кој било трговец кој нуди обложувачки услуги.

Поради легални причини NETELLER не нуди услуги во следниве држави: Американска Самоа, Белорусија, Еритреа, Гуам, Гвинеја, Иран, Ирак, Брегот на слоновата коста, Либан, Либерија, Маршалските Острови, Мијанмар, Северна Кореа, Палау, Порторико, Сомалија, Судан, Сирија, Обединетите Држави, Зимбабве.

BET-IBC
Scroll to Top